Светска олимпијада за роботика во Сочи

Финалето на Светската олимпијада во роботика се одржа во Русија за прв пат.

Монтажа: Владимир Стахеев, фото: Глеб Фјодоров: музика: Walter Well

Од 21 до 23 ноември 379 тимови од 47 земји се натпреваруваа во Олимпискиот парк во Сочи. Учествуваат 44 руски тимови од 13 руски региони. Вкупно во Сочи настапија 3.000 натпреварувачи од целиот свет. Годинешното натпреварување се одвиваше според сите правила кои се донесени во Русија. Темата на олимпијадата беше вселената. Во период од три дена стручно жири ги оценуваше младите натпреварувачи во следните категории: регуларна, отворена, студентска категорија и роботски фудбал.

Меѓу победниците се најдоа 6 натпреварувачи од Тајланд, 5 од Русија, 3 од Малезија и 2 од Тајван. Хонгконг, Индија, Индонезија, Казахстан, Кина, САД, Филипините и Јапонија имаа по еден победник. Највозбудливото натпреварување на Олимпијадата, роботскиот фудбал, најдобро го „одиграа“ екипите од Тајланд, кои го освоија првото и второто место, а третото место го зазеде Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња