ARMS & Hunting со стил во Москва

Единсесеттиот ARMS & Hunting се одржа во московскиот Гостин Двор на 9 октомври.

Монтажа: Владимир Стахеев, фотографија: Олга Соколова, музика: The dark side of the Moon

Меѓународната изложба ARMS & Hunting традиционално е место за средба на многубројни произведувачи и сопственици на спортско и цивилно оружје, како и за оние кои се занимаваат со аматерски туристички лов. Во претходните години изложбата ја покажа својата важност. Одличен пример за тоа е непрестајниот раст на меѓународните компании.

Истовремено, руските произведувачи активно соработуваат на изложбата, претставувајќи го високиот квалитет на производите кои се на ист ранг со водечките марки во светот. Најдобрите светски компании се пофалија со своите нови производи. Меѓу нив се Swarowski Optik (Австрија), Schmidt & Bender, Rascher, Boker (Германија), Sport Chief (Канада), Bushnell (САД), Browning (Белгија), Beretta, Benelli, Franchi, Fabarm, Fiocchi, Fausti Stefano, Pedersoli, Caesar Guerini, C.D. Europe, Rizzini (Италија), Verney-Carron, Laporte (Франција), GAMO Arrieta (Шпанија), Harkila (Данска), Rockstead (Јапонија), Promtekhnologia (Русија) и многу други.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија