Дивиот запад во близина на Москва

На само 100 км западно од Москва се смести вистински ранч.

Монтажа: Владимир Стахеев, фотографија: Николај Корољов, музика: FJGI 'Riding A Horse'

Ова некогаш биле манастирски штали, целосно напуштени по Револуцијата во 1917 година. Неодамна истите се приватизирани, обновени и преуредени во стилот на Дивиот запад.

На ранчот од Москва може да се дојде со регионалниот приградски воз од Белоруската железничка станица до станицата Город Можајск, а потоа со такси за околу 3 долари до ранчот. Може да се дојде и со автомобил до градот Можајск.

На ранчот живеат повеќе од 50 коњи. Сите се дресирани за јавање. Однапред можете да резервирате термин за јавање или часови за јавање. Сите кои работат на ранчот се облечени во стил од вестерн филмовите. Како еден од „каубојците“, Евгениј Јаикин кажува, „да работите овде - е како да се вратите во детството“.

Ранчот е подигнат како клуб за аматерско јавање. Тоа не е само туристичка дестинација. Тоа е еден вид промоција на коњските спортови. Момците кои работат на ранчот се и професионални тренери. Ранчот е отворен во текот на целата година. Зиме можете да одите на вистински руски лов со кучиња-трагачи.

Двочасовна тура јавање ќе ве чини околу 50 долари, но најдобро е да донесете рубљи во кеш.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.