Модифицирани автомобили на руски начин

Шестата меѓународна изложба „Московски тјунинг шоу“ беше одржана во април во московскиот изложбен центар „Крокус Експо“

Галеријата ја подготви: Владимир Стахеев. Фотографии: Олга Соколова. Музика: Gettin Da Boogie

На изложбата учествуваа повеќе од 80 компании и клубови, а беше посетена од околу 25.000 луѓе.

Модерните тјунинг автомобили станаа занимање со кое се занимаваат сѐ поголем број луѓе, а опфаќа модифицирање на моторите на автмобилите и моторите, стилизирање на внатрешноста и надворешноста на возилото, модификување на системот за озвучување, како и авто-графика. Сева оваа дејност беше претставена на изложбата „Московски тјунинг шоу“.

Меѓу најегзотичните експонати беше огромниот железен „волк“ - креација на еден од водечките московски мото-клубови, кои го преправија теренското возило УАЗ-469.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.