Галеријата ја подготви: Ксенија Исаева, фотографии: Андреј Шапран, музика: „Ајде да кршиме леб“, изведува Les Petits Chanteurs de Montigny.
На новосибирскиот брод-црква „Апостол Андреј Првозванец“ секоја година се качуваат свештеници и лекари кои тргнуваат на 17-дневна пловидба по реката Об во западен Сибир. Групата мисионери веќе 20 години по ред една годишно ги обиколува селата кои се оддалечени и стотици километри од оваа река, која воедно е долга 3.650 километри.
Во текот на 2013 година патниците на овој брод посетија 45 села и препловија 305 километри. Условите во кои работат се тешки: кабините се со четири кревети, будењето е во 6:30 наутро, а потоа следува заедничка молитва во кабината и појадок. Ги чека уште час или два патување по локалните патишта до следното село во длабочината на Сибир.
Помеѓу мисионерите се наоѓаат и 11 лекари специјалисти. Работат до касно во ноќта, додека има пациенти на кои им е потребна помош, а потоа заминуваат до другите села. Секој лекар во просек прегледува до 60 луѓе дневно - по училиштата, управните згради, болниците, дури и на улиците. Освен тоа, тие извршуваат и куќни посети.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче