Почесниот полк на Кремљ


Уредник - Иван Николаев, фотографии - Культура.рф, Росискаја газета; музика - Маршот на преображенскиот полк


Почесниот полк на Кремљ е воена единица, уникатна и елитна во секој поглед. Тој полк е одговорен за заштита на владини претставници во Кремљ. Покрај ова, полкот претставува оригинална „честитка“ на Русија: секој ден стотици Руси и странци го посетуваат Вечниот Оган и Гробот на Незнајниот Јунак, каде војниците на Кремљ ја вршат својата должност.
Секако, не секој може да биде член на овој полк. Процесот на селекција трае и до неколку месеци. Листата на примени регрути во овој полк се прави двапати годишно - на 1 април и 1 октомври. 185 мажи од регионот на Волга, Урал и Западен Сибир ќе се приклучат пролетва во овој полк.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња