Градот Рибинск (350 км северно од Москва) и подрачјето на кое тој се наоѓа е едно од најубавите места во Централна Русија. Рибинск е прекрасен стар град на Волга со прастари обичаи и богата историја. Градот е историски споменик на периодот од 11-16 век. Црквата на Преображението Господово стана позната како „Убавицата на Поволжјето“, додека „стариот“ и „новиот“ житен пазар го симболизира процутот на рибинската трговска класа. Неодамна е реставрирана и Капелата на Свети Никола.
Константин СаломатинВо текот на 1930-те 4.500 квадратни километри во околината на Рибинската хидроцентрала се потопени кога е правено акумулационото езеро. Над 700 села, три манастири и четириесетиниа цркви, поседи на поранешни благородници и природни резервати – сето тоа тогаш е уништено.
Константин СаломатинМолога е еден од тие уништени градови во близината на Рибинск. Гратчето се наоѓало на устието на реката Молога во Волга. Сега е под водите на Рибинското акумулационо езеро.
Константин СаломатинНиколај Новотељнов е роден во Молога и живеел во градот 15 години. Тој е еден од 5.000 луѓе кои одненадеж беа принудени да ја напуштат Молога бидејќи властите донесоа одлука на тоа место да се направи Рибинското акумулационо езеро.
Константин СаломатинОние кои имаа можност да го сторат тоа самите, ги демонтираа своите куќи, го пренесоа материјалот по реката и повторно ги подигнаа малку подолу по течението. Николај Новотељнов на пример, се пресели во Рибинск со својата жена.
Константин СаломатинЖителите на тој крај во 1936 година се собрани пред градската коњушница во Молога кадешто им е прочитана одлуката на властите да се изгради Рибинското езеро.
Константин СаломатинНиколај Новотељнов ја покажува Молога на картата. Неговото семејство живеело на парцелата број 21.
Константин СаломатинУлиците на старата Молога. Жителите на околните села се преселени за четири години.
Константин СаломатинПример на системот со кој куќите се транспортирале од Молога во Рибинск.Молога ја памети Јарославската област, но и цела Русија.
Константин СаломатинАнатолиј Клопов, директорот на Музејот на Молога во Рибинск е еден од оние кои ја чуваат историјата на овој загубен град.
Константин СаломатинПретплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче