За македонски превод притиснете „CC“.
Приватниот Музеј посветен на СССР е основан пред нешто повеќе од еден месец. Но и за тој краток период предизвика огромен интерес. Веројатно затоа што тоа е музеј за убавите, секојдневните нешта на Советскиот Сојуз. Тоа не е музеј за режимот, за „страшниот“ и „мрачен“ комунизам, ниту пак за „великите“ дела и успеси на новото општество, туку за убавите, носталгични мигови на секојдневието.
Тука се играчките, на сега возрасните руси, нивните автомобили, плочи, облека...Сето тоа ја поттикнува детската верба, сигурноста и спокојот од едно минато време, време во кое обичниот граѓанин со гордост можеше да каже дека е „сделан в СССР“.
Ова навистина е уникатен Музеј, слични можат да се најдат во Новосибирск и Казањ, но со духот и атмосферата што владеат во овој, навистина е незаменлив. Веројатно македонските читатели на Руска реч на македонски (особено оние постарите), би сакале да видат еден ваков музеј посветен на секојдневниот живот на Југославија, кога со гордост велеа дека се „по ЈУС“. До откривањето на таков музеј, уживајте во овој рускиот кој ви го нудиме во денешново видео.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.