За македонски превод притиснете „СС“.
По повод 120 годишнината од раѓањето на поетот Владимир Мајаковски, Московското Метро направи специјален воз со мотиви од животот и делото на поетот кој до 31 јуни ќе се обраќа на редовна линија.
Во соработка со Музејот Мајаковски изработени се плакати и постери и секој вагон е одбележан со посебна боја и декорација, како асоцијација на посебниот период од животот на овој голем руски поет.
Секако, Московското Метро му се има оддолжено на овој великан и со тоа што постои метро станица отворена уште во 1938 година, но ова е специјално чествување на годишнината од раѓањето на поетот. Вакви „тематски“ возови Московското Метро има правено и претходно.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.