Руска убавица стана Mrs. International Universal 2024

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Арина Кришко победи во три категории на изборот за убавина International Universal што се одржа во Малезија: „Мисиз Универзум“ (Mrs International Universal), „Мисиз фитнес“ (Mrs Fitness) и „Мисиз талент“ (Best in Talent).

Арина има 27 години, родена е во Петрозаводск (Карелија) и веќе учествувала на натпревари за убавина. Таа ја носи титулата „Мис Карелија 2017“ и „Мис наследство на Русија 2020 година“.

Минатата година таа и нејзиниот сопруг решија да го видат светот и отпатуваа во главниот град на Малезија Куала Лумпур, каде што живеат веќе неколку месеци.

По професија е дизајнер на компјутерски игри, учествува во изработка на игри за паметни телефони. Нејзиниот сопруг е претприемач, поседува бизнис во Малезија.

Една вечер, Арина видела конкурс за натпреварот на локална веб-страница и се пријавила.

„За натпреварот се подготвував самостојно“, напиша Арина на својата страница на социјалната мрежа ВК. „Сама платив за учеството, како и сите трошоци. Немам никакви спонзори или партнери“.

За презентацијата на народни носии, таа самата направи кокошник (руски традиционален женски украс за глава).

„Чувствувам голема одговорност и гордост кога ја претставувам нашата земја и мојот омилен крај Карелија“, пишува Арина.

Арина се занимава со фитнес и сака да патува.