Донска мачка: Како улична мачка основаше нова раса

Legion Media
Првата донска мачка во Советскиот Сојуз едноставно беше пронајдена на улица. Донската мачка во целиот свет е позната и признаена раса на мачки без влакно. Иако изгледа како вонземјанин, со големи уши и без крзно, оваа мачка добро се согласува со луѓето и ја краси одлично здравје.

Историјата на овој симпатичен вид започна во февруари 1986 година во Ростов на Дон. Еден ден Елена Коваљова, враќајќи се дома, спаси маче кое го мачеа група момчиња. Го нарече Варвара.

Кога порасна Варвара, почна да ѝ паѓа влакното. Никакви лекови не помагаа, а мачката се чувствуваше добро и доживеа длабока старост. Таа роди мачиња чиј татко беше европски мачор со кратко влакно и кои беа првите донски мачиња. Со развојот на видот се занимаваше донскиот фелинолог Ирина Намикина, познаничка на Елена, на која Елена ѝ подари едно од мачињата на Варвара по име Чита.

Првите мачиња се родија со крзно, а влакното им падна за неколку месеци. Меѓутоа, следната генерација веќе беше без влакна уште од раѓање.

Главната специфичност на оваа раса, по која се разликува од сфинксот, е тоа што кај неа е немањето влакна е доминантен ген, а не рецесивен. Покрај тоа, донската мачка практично нема мустаќи.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња