Уште на почетокот на ХХ век во разни области на Урал имаше податоци за популацијата на кадрави мачки. Тие потекнуваа од животни со рамно влакно, меѓу кои имаше и сибирски видови на мачки како со бујно влакно, така и со кратко влакно, нерасни.
За предок на официјално признатата раса уралски рекс се зема мачорот Василиј, кој се роди во градот Заречни во Свердловската на крајот на осумдесеттите години на минатиот век. Неговата мајка беше обичната мачка Мура.
За Василиј дознаа фелинолозите од Екатеринбург и успеаја да ги убедат сопствениците да ја покажат нивната необична мачка на изложба, каде што го привлече должното внимание.
Но, Василиј не беше единствениот. На изложбата во 1992 година учествуваше уште една мачка со такви мачиња. Мусја беше Сибирка со долго влакно, а нејзините две мачиња имаа кадраво крзно. И двете мачиња ги купија одгледувачи од Ленинград.
На тој начин фелинолозите утврдија дека генот на кадраво влакно е рецесивен, па почнаа насочено да го одгледуваат уралскиот рекс.
Одгледувачите се обидоа да го запознаат уралскиот рекс со други кадрави мачки, но кај таквите парови се раѓаа мачиња со рамно влакно. Се покажа дека уралскиот ген на кадраво влакно е поинаков. Такви мачки немаше никаде на друго место во Русија.
Кадриците кај уралскиот рекс се формираат во детството, станува збор за тенко влакно со двоен рамен бран. Веќе на три или четири месеци мачињата имаат изразени кадрици, а на шест-седум изедначени бранови.
Стандардните карактеристики на расата беа утврдени уште на средината на деведесеттите. Сепак, има малку одгледувачи. Повеќето од нив се во Свердловската област, иако има и во Москва и Санкт Петербург.
Уралскиот рекс е автохтона раса, со добро здравје. Овие мачки живеат од 12 до 16 години.
Мачињата, без оглед на нивните скромни перформанси (тежината на возрасната мачка е околу четири килограми) имаат добар апетит, спортска градба и отворен карактер.
За разлика од изведените раси, уралскиот рекс не бара многу грижа, честопати е доволно само да ги исчешлате. Имаат добар апетит, но до крајот на животот остануваат витки. Интересно е што се препорачува оваа раса да се храни со природна, а не со специјална храна. Покрај месото, сакаат овес, ориз и хељда, како и јаболка и моркови.
Иако досега овој феномен е малку проучен, одгледувачите тврдат дека рексот мјаука само во детството. Иритирачкото „мјау“ практично не може да се слушне, што не значи дека тие не произведуваат специфични звуци и комуницираат на некој свој начин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче