Од каде во Русија обичајот бебињата да се украсуваат со ленти при излегување од породилиштето?

Начин на живеење
ЈУЛИЈА ХАКИМОВА
При излегување од породилиштето, новороденчињата се завиткуваат во ќебе, кое често е обвиткано со украсна лента. Кај момчињата е сина, а кај девојчињата е црвена или розова. Зошто токму овие бои?

Обичајот потекнува уште од царско време. Во Руската империја, највисоките државни одликувања беа Орденот на Свети Андреј Првоповикан за мажи и Орденот на Света Екатерина за жени.

Ордените се носеа на украсни ленти: во првиот случај на сина, а во вториот на црвена. Царот Павле I наредил секој новороден член на царското семејство да добие вакви ленти на крштевањето.

Така се појавил еден нов обичај, кој на крајот се проширил на сите бебиња, а не само на оние од царски род.