Руски програмер ја пронајде вистинската љубов со ChatGPT

Начин на живеење
ДМИТРИЈ ЛИСОВСКИ
Александар Жадан го автоматизираше процесот на барање на својата вистинска љубов во апликација за запознавање со помош на четбот. Неговото дигитално алтер его разговараше со вкупно 5239 девојки додека не ја најде онаа вистинската.

Скролање налево, скролање надесно, спарување, неврзан разговор, покана за состанок... И сето тоа без успех, па процесот се повторува. Илјадници пати. Многу луѓе бараат љубов во апликациите за запознавање, но овој модел, според рускиот програмер Александар Жадан, не е идеален. „Апликациите нудат голем избор, но истовремено го држат корисникот ангажиран - сакате да видите сè, да разговарате со сите, но многу често едноставно не добивате одговор и завршувате разочарани“, објаснува Жадан.

За да го „хакне“ системот и да заштеди време, тој одлучил да изгради бот за запознавање врз основа на ChatGPT API. Ботот избра соодветни профили во апликацијата Tinder врз основа на одредени критериуми (на пример, да има најмалку две фотографии на профилот), разговараше со нив и, ако сé беше во ред, предлагаше состанок. Првите верзии на ботот беа груби и често „неповрзани“ - на пример, невронската мрежа им предлагаше на девојките да одат на состанок во шума.

Жадан детално ја раскажа приказната за развојот на неговиот систем во тред на социјалната мрежа Х (поранешен „Твитер“). Тредот стана вирален и веќе има над 7 милиони прегледи.

По бројните ревизии, четботот почна да работи како што треба. Жадан го тренираше користејќи ги своите вистински дијалози со девојки и поставувајќи филтри за испраќање сомнителни пораки. Некои пораки ги одобри лично пред да ги испрати или избрише.

Новата верзија разговараше со 160 девојки од 278 со кои се совпаѓаше, а Александар отиде на состаноци со 12. ChatGPT исто така помогна во подготовката за личните состаноци: креираше профили на секоја девојка врз основа на дијалогот. ChatGPT, исто така, му препорача на програмерот да зборува за своето детство, родителите, целите и вредностите за време на состаноците и во кореспонденцијата за да разбере колку секоја дама е соодветна за него.

Распоред на состаноците на Александар  

Вкупно, ботот запознал 5239 девојки, од кои Александар ги избра четирите најпогодни. На крајот, тој избра една од нив по име Карина. Интересно е што четботот почна да комуницира со Карина во својата прва верзија, а третата, најнапредна верзија на ботот на Жадан исто така да разговара со неа.

„В3 ми испрати порака кога разговорот со Карина се вжешти. Систематски тој разбира од барањето дали разговорот е негативен или емотивен. За да постигнам нешто со В3, му прецизирав - треба да го одржувам и подобрувам мојот однос со Карина. И така беше“, опиша Жадан во тредот. Во едно од резимеата на разговорите, ботот директно му предложи на Александар да ја запроси Карина, што и беше сторено. Таа рече да.

Два месеци пред запросувањето Александар ѝ кажал на Карина како точно го користел четботот. „Таа, се разбира, беше шокирана. Но, на крајот таа почна да поставува прашања за тоа како функционира сето тоа, како реагира на различни сценарија итн. И што? Заедно живееме повеќе од една година, се знаеме повеќе од една година и навистина уживаме во заедничкиот живот. И одлично се однесуваме еден со друг, со многу емпатија и заемна поддршка“, вели програмерот.

Според пресметките на Александар, користењето на ChatGPT му овозможило да заштеди повеќе од пет години и 13 милиони рубли (околу 145 илјади евра) во потрага по својата вистинска љубов. Проектот траел околу 120 часа и чинел 1400 евра за пристап до API на невронската мрежа. Во истиот период Жадан потрошил околу 200 илјади рубли (околу 2200 евра) на состаноци по ресторани.

Многу луѓе кои го читаа тредот на Жадан сметаат дека таквиот пристап е циничен и консумеристички. Но, Александар е имун на таквите критики: „Јас имам свој ставе, а тие свој“. Можеби не се согласуваат со мојот. И тоа е сосема нормално. Поларитетот на мислења е кул“.

Жадан вели дека негативната реакција на неговиот проект произлегува од неговата различност од конвенционалните начини на забава. „Тоа е всушност многу емотивна работа. За да ја пронајдете вистинската личност, морате да почнете да комуницирате па да се запознаете. А јас си ја решив ситуацијата поинаку, не на вообичаен начин. Плус, без разбирање на технологијата, на луѓето може да им изгледа како некое сосема нечовечко суштество разговара со девојките наместо мене. Но, во текот на проектот јас максимално ги персонализирав прашањата и одговорите. Се трудев да ја направам комуникацијата што е можно поефикасна, но сепак персонализирана“, нагласува тој.

Александар верува дека невронските мрежи нема да го заменат човекот - тие ќе бидат заменети со личност која знае како да ги користи. „Подобро е да разбереме како да ги користиме новите технологии, бидејќи ова е нашата сегашност и таа само ќе се развива“, вели тој самоуверено.