- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Профил на девојка, око, змеј, човек под ќебе. Максим Печенкин ги прави овие слики со помош на обична метла и лопата. Со најшироката лопата ги црта широките линии ориентирајќи се од ознаките на теренот кои едвај се видливи низ свежата снежна покривка.
„Најдобро се црта на плиток снег“, вели Максим. „Можам и да исчистам нешто со метлата и така да добијам засенчување. А кога снегот е длабок? Ништо не може да се направи, треба да се побрза со чистењето“.
Сепак, тој сепак успеа да направи змеј во длабокиот снег. „Едноставен е како гравура. Без сенчење“.
Смета дека најуспешна му е сликата со човек под ќебе. „Теренот како да е измислен за него“.
За разлика од цртежите на хартија, овие на снег имаат краток век: час или два, а потоа е време да се расчисти теренот за играње. „Најдолго преживеа цртежот со око. Ја помина ноќта. Дојдов утрото и ги додадов трепките“, вели Максим.
Максим објаснува дека едноставно сака да црта и дека тоа го прави и на хартија во слободно време. „За мене цртањето е нешто возбудливо, никогаш не знам како ќе испадне.“ Своите снежни дела на шега ги нарекува „хулиганство“. А соседите со нетрпение ги очекуваат неговите нови творби.