Сибирски бодибилдери позираат за календар во знак на поддршка на згрижувањето напуштени животни

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Фотограф од Тјумен успеа да ги убеди локалните спортисти да се соблечат до појас.

Фотографот Александра Пермјакова од Тјумен беше инспирирана за овој проект од сега веќе традиционалниот познат календар на австралиските пожарникари (парите од продажбата одат во добротворни цели).

Таа за нејзиниот календар фотографираше локални бодибилдери, а сите средства од продажбата планира да ги пренасочи во градскиот добротворен фонд за помош на животните „Потерјашки“ (изгубени).

Како што истакнува Александра, спортистите не се случајно повикани да позираат за календарот. Имено, идејата беше да се привлече вниманието на јавноста кон проектот што е можно повеќе. Ангажирани беа 11 спортисти, меѓу нив и многу професионални, шампиони во бодибилдинг, како и тренери. Се приклучија и штитениците на „Потјерашки“, три кучиња и тринаесет мачки.

Според фотографот, на овој начин целта не била само да се сврти вниманието кон фондот, туку и уште еднаш да се покрене прашањето за напуштените животни, кое во Русија и понатаму е многу актуелно. Собраните средства ќе бидат потрошени за лекување на животните во ветеринарните клиники и набавка на неопходните лекови.