Чисхан, јакутски Дедо Мраз. Празник Исиах.
Јуриј Смитјук/TASSВо Русија Новата година се одбележува на 1 јануари само во последниве три века. До 1492 година паѓала на 1 март, а до 1700 година на 1 септември. Во декември 1699 година царот Петар Велики издал указ за тоа од 1700 година 1 јануари да се смета како датум на почеток на новиот годишен циклус.
Меѓутоа, различни народи ги зачувале своите обичаи поврзани со „новогодишните“ празници. Датумите зависеле од природните услови на подрачјето во кое живее конкретен народ, како и од системот на сметање на времето – дали според соларниот календар (каков што е грегоријанскиот), според лунарниот или според лунарно-соларниот.
Кај едни сметањето на времето било поврзано само со соларниот циклус и поради тоа датумите на Новата година не се менувале значително. Највпечатлив е примерот со Нарвуз, празникот на доаѓањето на пролетта и Новата година кај иранските и туранските народи. Тој според соларниот календар се одбележува на денот пролетната рамноденица 19-22 март.
Други народи го користат лунарно-соларниот календар во кој Месечевите циклуси се комбинираат со годишните Сончеви циклуси, а почетокот на месецот се поклопува со младата Месечина (лунарна фаза). Во таквиот календар престапната година има 13 месеци. На пример, кинеската Нова година се смета според лунарно-соларниот календар и паѓа во првиот лунарен ден на првиот месец во годината. Од гледна точка на соларниот грегоријански календар таа се празнува во еден ден во интервалот од 21 јануари до 21 февруари.
Исламските народи времето го сметаат според лунарниот календар. Месецот има 29,5 дена и им одговара на Месечевите гази, додека годината е 11 дена покуса од грегоријанскиот календар. Во овој случај новата година е мошне „подвижна“ во однос на грегоријанското сметање на времето.
Во мултинационалната Русија Нова година се одбележува како на 1 јануари, што е општопризнат празник, така и во согласност со календарите на националните празници. Тука ќе ги наброиме најпознатите датуми.
Празник Шорикјол
Министерство за спорт и туризам на Република Мариј Ел– Сурхури – Нова година кај Чувашите (Чувашка Република)
– Шорикјол – Нова година кај Маријците (Република Мариј Ел)
Првобитно овие празници се одбележувани во деновите на зимскиот сонцестој на 19-22 декември. Кога тукашните народи го примиле христијанството датумите се „поклопувале“ со Божиќ којшто паѓа на 25 декември, а по преминувањето на грегоријанскиот календар на почетокот на јануари.
Митин Дада (осетински Дедо Мраз)
Рамиљ Ситдиков– Ног бон – Нова година кај Осетинците (Северна Осетија, Аланија)
Се слави од среда кон четврток на втората недела на јануари, често 13-14 јануари, кога се празнува Стара Нова година.
На празникот Сагалган, Чита
Евгениј Епанчинцев/Sputnik– Цаган Сар – „Бела месечина“, Нова година кај Калмиците (Република Калмикија)
– Шага – Нова година кај Тувинците (Република Тува)
– Сагалган – Нова година кај Бурјатите (Република Бурјатија)
Се слави на првиот ден во годината според лунарно-соларниот календар.
Сајлугемски национален парк, обред на празникот Чага-бајрам
Кирил Кухмар/TASS– Чага Бајрам – Нова година кај Алтајаците (Република Алтај)
Се слави на четвртиот, шестиот или осмиот ден од младата месечина според лунарно-соларниот календар. Овој датум секоја година го определува Владата на Република Алтај.
Навруз, прослава на Денот на пролетта.
Егор Алеев– Навруз– празник на доаѓањето на пролетта и Нова година (Република Татарстан, Башкортостан (Башкирија), Крим и републиките на Северен Кавказ)
– Адыгэ ИлъэсыщIэ – Нова година кај Адигејците (Република Адигеја, Кабардино-Балкарска Република)
– Јаран Сувар – Нова година кај Лезгините (Република Дагестан)
– Ебелцан – Нова година кај Табасаранците (Република Дагестан)
– Хидин Уш – Нова година кај Агулите (Република Дагестан)
– Јухванин Југ – Нова година кај Цахурите (Република Дагестан)
– Ер – Нова година кај Рутулците (Република Дагестан)
– Јилгајак – Нова година кај Кумандинците, Тубаларите и Челканците (Република Алтај)
– Чил Пажи – Нова година кај Шорите и Телеутите (Кемеровска област)
– Чил Пази– Нова година кај Хакасите (Република Хакасија)
Се слави на денот на пролетната рамнодневница или еден ден претходно.
– Вурни Хатл – Нова година кај Хантите (Ханти-Мансијски автономен округ)
– Уринеква хотал– Нова година кај Мансите (Ханти-Мансијски автономен округ)
„Гавранов ден“ се поклопува со православниот празник Благовец.
– Мучун – Нова година кај Евенките (Краснојарски крај)
– Бакалдин – Нова година кај Евенките (Република Саха /Јакутија)
„Кукавичико време“ – Се паѓа на втората сабота во јуни.
Учесници на празникот „Исиах Тумади“
Андреј Сорокин/Sputnik– Исиах – Нова година кај Јакутите (Република Саха /Јакутија/, Краснојарски крај)
– Хебденек – Нова година кај Евенците (Магаданска област)
– Нургенек – Нова година код Евенците (Камчатски крај)
– Евинек – Нова година кај Евенците (Република Саха /Јакутија)
– Женска Нова година кај Нанајаците (Хабаровски крај)
Се слави во деновите на летниот сонцестој.
– Муслиманска Нова година
Се празнува на првиот ден на Мухарем, првиот месец во годината.
Селкупи
Александар Попов (CC BY-SA)– Празник на лосовите– Нова година кај Селкупите (Јамало-Ненецки автономен округ, Тјумењска област, Краснојарски крај, Томска област)
Се слави на последниот ден од летната полна месечина.
Црквен молебен на Индикт, Црковна Нова година во селото Федосино (Новопеределкино)
– Црковна нова годинаили Начало индикта – почеток на годината во православниот календар.
Според јулијанскиот календар на кој се придржува Руската православна црква, се прославува на 1 септември.
– Нова година код Поморите(Архангељска област).
Поморите одбиле да се потчинат на указот на Петар Велики за Новата година да се пренесе на 1 јануари.
Пред почетокот на празникот Рош Хашана, еврејска Нова година
Артјом Житењов– Рош Хашана – Нова година кај Евреите (Еврејска автономна област и други региони)
Се слави на млада месечина во есенскиот месец тишириј според еврејскиот (лунарно-соларен) календар, кој се паѓа во септември или во октомври.
Ненци, Ненецки автономен округ, село Красное.
Антон Тајбареј/TASS– Нова година кај Ненците(Јамало-Ненецки автономен округ)
Ненците живеат според лунарно-соларниот календар и годината им започнува од Носиндалва – месецот на лов на поларни лисици.
– Пегити – Нова година кај Чукчите (Чукотски автономен округ)
– Машка Нова година кај Нанајаците (Хабаровски крај)
– Тујгивин – Нова година кај Корјаците (Магаданска област)
Се слави на зимскиот сонцестој.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче