Жител на Пермскиот крај (Урал) разубавува куќи со снежни скулптури

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
На покривот на една куќа во градот Лисва слета снежен орел, на друг спие мечка, на трет се извива питон. Сето тоа благодарение на локалниот скулптор.

Жителот на Лисва ги разубавува покривите на куќите со вистински ремек-дела. Николај Карелов направи мечка за два часа, а орел (птица на среќата) му одзеде цел ден. 

Николај Карелов по професија е дрворезец, но зошто да не создава уметнички дела од снег кога го има толку многу?