- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Маргарита Голубева како „Принцезата-лебед“, 2023.
Moises Castillo / AP
22-годишната Маргарита се појави во ликот на „Принцезата-лебе“, лик од познатата бајка. Костимот е дизајниран според истоимената слика на познатиот руски сликар Михаил Врубељ, а за негово изработка беа употребени 300 метри тул!
Ана Линикова и „Круната на Руското царство“, 2022.
Miss Russia National Contest Directorate / TASS
Московјанката Ана Линикова се појави пред членовите на жирито во темноцрвен плишан фустан богато украсен со бисери, креиран од дизајнерката Олга Маљарова, инспирирана од атмосферата на Зимскиот дворец во Санкт Петербург и богатството на царските балови.
Ралина Арабова и казанската царица, 2021.
Menahem KAHANA / AFP
Ралина е од Татарстан и нејзината национална носија е инспирирана од ликот на Сјуујмбике, владетелката на Казанскиот канат од XVI век. На дизајнот работеше Султан Салиев. Костимот се состои од краток капут-камзол и макси здолниште од скап плиш, извезено со свилени мотиви. За украсување се користеа вештачки дијаманти и кристал.
Алина Сањко и брилијант на грбот, 2020.
Rodrigo Varela / Getty Images
Националниот костим на Алина предизвика бурни полемики на интернет, бидејќи очигледно никој не ја разбра неговата концепција. Дизајнерот Глеб Винокуров се оддалечи од традиционалните кокошници и ликовите на древните царици и ја претвори Алина во... брилијант. Но, ниту публиката ниту жирито не го разбраа ова дизајнерско решение и го нарекоа костимот „брилијантска нинџа желка“.
Јулија Пољачихина и ликот на руска благородничка, 2018.
AFP
Жирито го оцени националниот костим на Јулија како еден од најдобрите. Таа на подиумот се појави во затворен темносин фустан со златни дезени, во кој наликуваше на руска благородничка. Дизајнер на костимот е Игор Дадиани.
Ксенија Александрова и традиционалното руско сликарство, 2017.
MJT/AdMedia / Global Look Press
Националниот костим на Ксенија и оваа, како и неколку претходни години, го изработи Глеб Винокуров. Овој пат, дизајнерот најде инспирација во гжељот, традиционалниот стил на руското сликарство. Раскошната бела тоалета до подот со голи раменици е попрскана со блескави кристали и природни бисери.
Јулија Корољкова како рајска птица, 2016.
Bullit Marquez / AP
Концепцијата на костимот на Јулија беше многу необична. Костимот беше наречен „Птица на мирот“, а го дизајнираше Глеб Винокуров. Инспирацијата ја нашол во ликот на рајската птица Сирин од древните руски бајки, која има тело на птица и глава на девојка. Сепак, таквиот необичен костим не беше разбран од жирито (девојката испадна по првиот круг), ниту од многу жители на Русија, кои нејзиниот изглед во таква облека го карактеризираа како вулгарен.
Владислава Евтушенко како Жар-птица, 2015.
Legion Media
Владислава се појави во костим кој претставува нов концепт на жар-птицата од руските бајки. Таа беше облечена во припиен златен фустан со длабоко деколте, чипкани „крилја“ на грбот и прекрасен украс од пердуви на главата. Костимот е креиран од Глеб Винокуров.
Јулија Алипова во традиционална народна носија, 2014.
Legion Media
Руската натпреварувачка во 2014 година се појави во костим кој веднаш го сфатија сите. Тоа беше традиционален руски народен фустан со кокошник. Јулија преку фустанот имаше „душегреја“ (кратка струкирана јакничка која девојките ја носеле на празник) рачно извезена со скапоцени камења и бисери.
Елмира Абдразакова како руска кнегиња, 2013.
Pavel Golovkin / AP
Елмира го освои третото место на натпреварот во категоријата „Национална носија“. Нејзината носија потсетува на ликот на руската принцеза Олга, а фустанот е изработен во стилот на традиционалните носии од времето на Иван Грозни.
Елизавета Голованова и мотиви од Павлов Посад, 2012.
Legion Media
Оваа национална носија претставуваше слободна интерпретација на традиционалниот руски фустан со павлопосадски шари. Наместо традиционален кокошник, девојката носеше голема цветна композиција надополнета со пердуви од паун на главата, а на вратот - ѓердан од природни бисери. Оваа облека за Елизабета ја креираше рускиот дизајнер Вјачеслав Зајцев.
Наталија Гантимурова и неочекуваната појава во бикини, 2011.
Костимот за Наталија го креираше дизајнерот Валентин Јудашкин, но на жирито не му се допадна. Наталија се појави на подиумот со кокошник на главата и во бикини преку кое беше префрлена голема марама од тантела.
Ирина Антоненко и познатата царска шапка, 2010.
Иљја Питалев / Sputnik
Целиот костим на Ирина личеше на изгледот на познатата Мономахова шапка, царска реликвија, украсена со крзно од самур и скапоцени камења. А големата дијадема со вметнати бисери го комплетираше изгледот на натпреварувачката.
Софија Рудјева и хусарска униформа, 2009.
Екатерина Чеснокова / Sputnik
Софија на натпреварот за „Мис Универзум“ се појави во многу необична национална носија. Дизајнерите решија на здолништето да комбинираат елементи на хусарска униформа и традиционални мотиви во стилот „гжељ“. На рамениците имаше златни еполети, а наместо вообичаениот кокошник, главата ја красеше хусарско чако (тврда, висока воена капа).
Вера Красова и гжељ, 2008.
AFP
Националната носија на Вера беше модерна интерпретација на рускиот народен стил - фустан со орнаменти во стилот на „гжељ“, украсен со природни бисери и ѕвонести широки ракави.
Татјана Котова и уште една „Принцеза-лебед“, 2007.
AFP
Ликот на „Принцезата-лебед“ првпат се појави на натпреварувањето уште во 2007 година, а го претстави Татјана Котова. Овој костим ја доби наградата на публиката.
Ана Литвинова и хохлома, 2006.
Legion Media
Дизајнерите на националната носија за Литвинова се осмелија да ги комбинираат павлопосадските шари со сликарството во стилот хохлома. Препознатливиот костим е украсен со чисто злато, поради што целиот костим тежеше над шест килограми.