Автори на проектот беа архитектот Алексеј Шчербенок и инженерот Леонид Левински. На овој начин тие сакаа да проверат колку пластичните градежни материјали се погодни за масовна изградба на станови. Овој модерен материјал беше поевтин од класичните, а изградбата на такви куќи бараше помалку време, што овозможуваше да се заштедат пари. Проектантите ја добија идејата од западните експериментатори.
Првиот кат со армирана конструкција и стаклени тули беше технички. Станува збор за потпората во која, меѓу другото, се наоѓаа и инсталациите за греење и вентилацијата.
На неа беше поставена голема кутија со димензии 7,2 на 6,7 метри со 28 панели. Ѕидовите се состоеја од два слоја фиберглас, обложени со изолација од стиропор со дебелина од 14 сантиметри. Стручњаците сметаа дека тие 14 сантиметри според своите термички својства одговараат на двометарски ѕид од тула. Притоа тежината на еден квадратен метар панел беше 70 килограми, додека за еден квадратен метар надворешен ѕид на обична куќа ќе беа потребни најмалку 600 килограми тула.
Во кутијата имаше еднособен стан со површина од 13,2 квадрати со дневна соба, кревет, кујна и санитарен јазол. Влезот беше на нивото на првиот кат, а до влезот од улицата водеа скали.
Во куќата не живееше никој, само експертите повремено ја проверуваа нејзината состојба и постојаноста во однос на временските услови. Меѓутоа, тригодишниот експеримент не ги даде посакуваните резултати. И покрај тоа што пластичните ѕидови ги издржаа мразовите и дождовите, греењето не обезбедуваше рамномерна распределба на топлината во просторијата, а електричните радијатори ја пренатрупаа просторијата.
Покрај тоа, техничкото одржување на футуристичката куќа беше поскапо од обичните хрушчовки. По завршувањето на експериментот, куќата беше напуштена, а потоа и демонтирана. Низ тоа место денес минува пат.
Подоцна, во Москва беше направен уште еден обид да се користи пластична маса во станбена изградба. Во 1963 година, во „Вјатски Сокак“ беше изградена првата пластична четирикатница. Технологијата на изградба потсетуваше на „хрушчовките“, само што панелите не беа од бетон, туку од полимер, дебел десет сантиметри. Конструкцијата беше затоплувана со стиропор, одозгора се ставаа панели од фиберглас и се малтерисуваа. Споевите помеѓу панелите беа изолирани со стаклена волна. Таквите ѕидови ја одржуваа топлина двојно повеќе. Од пластика беше и мебелот вграден во подвижните ѕидови во становите.
Куќата се користеше за живеење дваесет години, до 1985 година. Потоа беше реконструирана. Десетина години беше речиси целата иселена, а потоа урната.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче