Роман од Елиста е првак на светот во шах во категоријата деца до 8 години

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Роман Шогџиев се врати од светското кадетско првенство во шах не само како првак, туку и како апсолутен рекордер со 11 победи од 11 партии!

Роман е роден во Калмикија, но сега живее во Москва. Тој е ученик во второ одделение на Курчатовската школа и ја посетува Младинската спортска школа која го носи името на познатиот руски велемајстор Михаил Ботвиник.

Игра шах од свои четири години. Учесник е на натпреварите на Руската шаховска федерација од 2020 година и на многу од нив го освои првото место, победувајќи ги момчињата кои се 3-4 години постари од него.

Кога Роман имаше шест години, генералниот директор на ФИДЕ Емил Шутовски виде во него „неверојатно талентирано дете од Елиста“, а неговите родители велат дека немаат каде да ги закачат сите медали што ги има освоено Рома. 

Руската шаховска школа на светското кадетско првенство во Шарм ел Шеик имаше 42 претставници во категориите од 8, 10 и 12 години, додека вкупно од сите краишта на светот имаше над 500 учесници. Репрезентацијата на Русија освои најмногу медали и го оствари најдобриот резултат во последните четири години.