Се тресеше гората, се роди... Во московската зоолошка првпат се роди младо на панда 🐼

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Пандите Жуи и Диндин пристигнаа во Москва во 2019 година. До 2023 година достигнаа полова зрелост и зоолозите одлучија да ги запознаат една со друга. Тие првпат се сретнаа пролетва, а вчера веќе се роди нивното прво младенче. 🐾

За пандите да добијат потомство, вработените во Московската зоолошка градина завршија голема работа во која им помогнаа стручњаци од Кина.

Женката-панда може да зачне во текот на само неколку дена од годината. Обично зоолозите ги спојуваат младите животни со поискусни за да се зголемат шансите за успешно парење, но Жуи и Дингдин се две неискусни панди. Тоа што од првиот обид успеаја да донесат на свет потомство е голем успех за руските зоолози и чувари на природата ширум светот.