Во Русија се појави нова банкнота од 100 рубли

Банкнотата е направена во портокалови нијанси: на предната страна е прикажана Спаската кула на московскиот Кремљ, а на задната меморијалниот комплекс на Советскиот Војник, неодамна отворен кај Ржев.

Кај тој град (230 километри северозападно од Москва) во Втората светска војна се одигра една од најкрвавите битки во историјата на човештвото.

Банкнотата веќе се користи во внатрешноста на земјата, а наскоро ќе се појави и во Москва. Старите банкноти и понатаму важат и постепено ќе се повлекуваат од употреба. 

Дали повеќе ви се допаѓа старата или новата банкнота од сто рубли?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња