Дали новите руски банкноти личат на евра?

Артјом Коротаев/TASS
Ганц новите банкноти од 200 и 2000 рубли веќе циркулираат во Москва, Крим и Далечниот Исток.

Да, новите руски рубли изгледаат токму вака. Најпосле се отпечатени и потсетуваат повеќе на евра отколку на традиционалните руски банкноти. Имаат вредност од 200 и 2000 рубли (речиси 3, односно 30 евра) и се чини дека како инспирација послужиле парите од еврозоната. Зелената банкнота од 200 рубли има боја како банкнотата од 100 евра, 2000 рубли потсетуваат на сините 20 евра.

На банкнотата од 2000 рубли е претставен мостот на островот Руски (до Владивосток), а на опачината - космодромот Восточни во Амурската област. На банкнотата од 200 рубли е претставен Севастопол. Стручањаците тврдат дека овие банкноти ќе се користат повеќе од оние со вредност од 100 и 1000 рубли: во паричникот ќе има повеќе место, а поситните пари ќе бидат подолго во оптек.

По повод дизајнот на банкнотата од 2000 рубли, директорката на Централната  банка на Русија Елвира Набиулина изјави дека решавачко било гласањето, а народот гласал така токму поради песната „Владивосток 2000“ (се мисли на годината) на популарната рок-група „Мумиј Трољ“.

На социјалните мрежи се шират шеги дека сега при излегување од бар ќе се оставаат 2000 рубли со зборовите „Си одиме! Ќе дојдат подобри времиња!“, како што се пее во песната.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња