Во Русија расте интересот за стариот стил на облекување. Луѓето постепено ја трансформираат традицијата, создавајќи модерна облека базирана на застарените и неудобните носии. А тие одлично се комбинираат со она што вообичаено го носиме секој ден.
Орнаменти во Русија се користеле масовно при изработката на традиционална облека и чевли. Денес само експертите го знаат значењето на овие украси, а модерните дизајнери ги користат како украси. Во понудата можете да најдете дуксерки, чанти и фармерки со руски орнаменти.
Можеби сте слушнале за кокошник, но во Стара Русија имало и „венчиња“. Разликата е во тоа што кокошник носеле мажените жени, а девојките венче. Венчето е помало од кокошникот, благодарение на што лесно може да го замени обрачот за коса.
Девојките плетеле лентички во плетенките за да ја покажат својата подготвеност да стапат во брак. Богатите селанки можеле да носат во плетенката сплетени неколку свилени ленти, а девојките сами ги украсувале нивните краеви, истакнувајќи ја својата индивидуалност. Потоа, кога ќе се омажеле, лентите им ги давале на своите другарки. Денес не морате ни да за знаете да сплетете ленти, бидејќи можете да ги најдете закачени на ластичка за коса.
Ако носите долги здолништа, овој изглед можете да го направите поинтересен со додавање на малку подолго подздолниште. Во Сибир ги нарекувале „низик“ и ги носеле под горното здолниште или сарафанот. Низикот бил малку подолг за да се гледа чипката по неговиот раб.
Друг елемент на народната носија што лесно се вклопува во модерната гардероба е престилката. Тоа е второ здолниште кое се носи над основната облека. Деловите на престилката не се сошиваат, туку меѓу нив се гледа основното здолниште. Престилката некогаш можела да биде свечена и секојдневна, додека посебната се носела за време на жалост. Секоја варијанта имала различен крој и различни орнаменти.
Наместо ремен можете да носите појас. Тој бил најважниот дел од руската национална носија. Имено, се сметало дека појасот го штити човекот од лошите сили, па луѓето не го соблекувале ниту во сауна. Со појасот се поврзани голем број верувања и обреди. На пример, за да се заштитат себеси и детето, трудниците го носеле појасот на својот сопруг.
Кафтан е горен дел од облеката што го носеле мажите и жените во пролет и есен. Кафтаните се разликувале по кројот, украсите и материјалот. Затоа можете да изберете кафтан по ваш вкус. Во вашата гардероба тој ќе ви ја замени јакната или мантилот.
Достапни се и реплики на стар накит или современ накит со стари мотиви, на пример, обетките од порцелан на втората фотографија.
Рубашките, традиционалните руски кошули, денес можат да ги носат и мажи и жени. Патем, изрезот во двата случаи треба да биде на левата страна.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче