Свадбени обичаи во Осетија (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Осетијците се народ кој за чудо ја преживеал татарско-монголската инвазија во студените планински предели. Денес тие се непресушен извор на креативна интелигенција на Кавказот.

Осетијците потекнуваат од номадите од иранското јазично семејство, т.е. од Скитите и Сарматите. Според историските споменици, тие племиња во II век од нашата ера имале голема воена и политичка моќ. Во XI век од нашата ера на таа територија веќе се формирала средновековната држава Аланија. И нејзините жители биле, исто така, надалеку познати воини. Главнината на нивната војска била составена од коњаница. И покрај тоа, Аланите не ја издржале наездата на туранските народи, т.е. Татарите и Монголите, така што овој народ бил речиси целосно истребен во XIV век. Во планините останале само неколку стотици жители, но нацијата сепак успеала да опстане и подоцна успешно да се асимилира во Русија.