На Јамалскиот полуостров многудетните семејства добиваат „чумски капитал“

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Најголемиот број руски одгледувачи на ирваси, околу 10 илјади од нив, живеат на сибирскиот полуостров Јамал. Тие им припаѓаат на домородните народи на Сибир: Ненците, Хантите и Сељкупите. Живеат во традиционални номадски шатори наречени „чум“.

Иако се работи за навидум едноставни станбени објекти, нивната цена може да се спореди со цената на еднособен стан во просечен руски град и не секој може веднаш да си дозволи сопствен чум.

Од 2021 година, семејствата на номадите во кои ќе се роди трето дете  добиваат од властите на Јамало-Ненецкиот округ таканаречен „чумски капитал“. Тоа е всушност комплет за правење чум. Вклучува шпорет, долги стапови, даски за под, крзна, церада и санки.

Вкупната вредност на комплетот е 500 илјади рубли (околу 5 и пол илјади евра) и може да се добие само еднаш. До денес го добиле над 150 семејства.