Како таткото на модниот креатор Карл Лагерфелд се најде во затвор во најстудениот дел на Русија

Начин на живеење
ЈУЛИЈА ХАКИМОВА
Таткото на германскиот моден креатор помина повеќе од 10 години во Русија. Од тоа, четири години во сибирска затворска колонија.

Верхојанск (Република Саха - Јакутија) е едно од најстудените места на планетата и еден од најмалите градови во Русија. Од шеесетите години на XIX век тука се наоѓаше колонија-населба за затвореници.

Токму на ова место служел казна несудениот руски поданик Ото Лагерфелд, татко на германскиот моден креатор Карл Лагерфелд.

Во 1907 година, Лагерфелд, 26-годишен трговски претставник на фирма за производство на концентрирано млеко, пристигнал од Сан Франциско преку Јапонија во Владивосток и отворил претставништво.

Кога на 1 август 1914 година Германија ѝ објави војна на Русија, трговецот упатил молба до руските власти да му дозволат преку Јапонија да се врати во САД.

Меѓутоа, на 3 август 1914 година бил уапсен и осомничен за шпионажа како поранешен припадник на германската војска. Во текот на еден месец, Ото прво бил испратен во воениот затвор на островот Руски, потоа префрлен во обласниот затвор во Владивосток и на крајот испратен во населба во Јакутија. Оттаму затвореникот испратил барање до властите да добие руско поданство, но бил одбиен, па така поминал четири години во Верхојанск.

По војната, на Лагерфелд му било дозволено да се врати во Германија. Се населил во Хамбург и продолжил да тргува со концентрирано млеко. Подоцна развил сопствено производство во неколку градови во земјата, вклучувајќи го и источнопрускиот Аленбург. По Втората светска војна, Источна Прусија му припадна на СССР. А Аленбург стана населбата Дружба во Калининградската област.

Лагерфелд Јуниор ја посетуваше и Русија. Вистина, само Москва и тоа на кратко.