Спасувачи во Новосибирск спасија од смрзнување куче на речен остров (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Кучето не можеше само да се извлече од снежните навеви на речниот остров на реката Об. Мештаните го забележаа и ѝ јавија на службата за спасување.

Спасувачите тргнаа во потрага по несреќното животно со „аеробот“. Кога го пронајдоа, кучето беше потполно исцрпено. Беше пренесено на раце до чамецот и префрлено на копно, каде што им беше предадено на загрижените граѓани.

Тие ветија дека ќе се погрижат за кучето и дека ќе го вдомат.