„Па, дали си подготвен? Води сметка, почитувај ја техниката за безбедност, немој многу да се оддалечуваш“, го бодри колегата.
Во тој момент неговиот пријател исчезнува во виулицата и, паѓајќи и свиткувајќи се до земја, стигнува до авионот, но веднаш се враќа назад. Во моментот кога ќе стигне до хангарот, тој паѓа и неколку секунди не може да стане, бидејќи го притиска струја од леден воздух.
„Ете како изгледа колонизацијата на Марс! Или на Јупитер“, се шегува колегата.
Сите летови што беа планирани за 15 декември од аеродромот „Угољни“ се одложени поради метеоролошките услови, се наведува на веб-страницата.
Ширум Русија паднаа рекордни количини снег, регионите во внатрешноста се најдоа заробени во снег. Градовите се задушени од километарски колони автомобили, а на Камчатка има и проблеми со снабдувањето со електрична енергија. Така е насекаде: од Москва до Архангелск. Московјаните се предупредени дека може да очекуваат силен снег и ветер.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче