Што знае дете што се 6,6 тони? Русинче постави светски рекорд во кревање руско ѕвоно

Алексеј Малгавко/Sputnik
Тегот од 6 килограми девојчето го крена без одмор 1111 пати!

Дванаесетгодишната Виталина Дјомина крена тег од 6 килограми илјада сто и единаесет пати без одмор и пауза и со тоа постигна светски рекорд, пишува „Росијскаја газета“. Девојчето го креваше руското ѕвоно повеќе од еден час.

Виталина се занимава со кревање руско ѕвоно само една година, а веќе има освоено осум медали и награди на домашни и меѓународни натпреварувања. Тренер на младата спортистка е јеромонахот Серафим (Шанин), исто така светски рекордер. Тој крена руско ѕвоно тешко 10 кг 5555 пати.

„Пред неа е голема иднина на полето на спортот, а конкретно во кревање руско ѕвоно. Виталина многу добро учи сé што е поврзано со техника и тактика, го слуша тренерот и физички е мошне издржлива бидејќи има добри генетски предиспозиции“, истакна тренерот.

Дјомина го посвети своето достигнување на кнезот Александар Невски и храмот што се гради во негова чест во нејзиниот град Алапаевск во Свердловската област.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња