Осумгодишниот Андреј Кисељов тренира секој ден.
„Видовме на интернет како едно дете од Чеченија прави склекови. (Петгодишно дете од Чеченија постави светски рекорд: направи 4105 склекови без пауза). Го прашав синот на шега дали и тој сака така? А тој вели, сакам. Најпрвин не му поверував, но рече и направи“, вели таткото Дмитриј.
За малку повеќе од два часа Андреј направи преку 5000 склекови и тоа без пауза! Тоа е нов светски рекорд за деца, засега неофицијален, но сé е снимено на камера и се чека признавање од комисијата на Гинисовата книга на рекорди.
На прашањето дали би можел да направи уште толку склекови, Андреј вели дека сигурно би направил уште илјада.
Тој е инаку дете од дом, усвоен е кога имал шест години, а неговите родители веднаш забележале дека е многу силен. Било јасно дека треба да се занимава со спорт, вели таткото.
Андреј тренира спортска гимнастика и мечтае еден ден да стане олимписки шампион.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче