Шестгодишник од Чеченија постави светски рекорд во склекови на разбој

Шестгодишното момче Рахим Куриев од едно чеченско село постави нов светски рекорд така што направи 330 склекови на разбој. Рекордот го забележаа претставници на Руската книга на рекорди, пренесуваат медиумите.

Светскиот рекорд од 330 склекови на разбој во континуитет е официјално потврден, рече главниот уредник на Руската книга н рекорди Станислав Коненко, нагласувајќи дека станува збор за старосна категорија од шест години. Настанот беше организиран во студиото на чеченската радио-телевизија „Грозни”.

Рахим Куриев од чеченското село Дуба Јурт во ноември минатата година направи 4105 склекови за 2 часа и 25 минути и постави светски рекорд. Меѓутоа, неговото достигнување не беше признаено од Руската книга на рекорди поради „поситни забелешки“. Раководителот на Чеченската република Рамзан Кадиров беше уверен дека Рахим ќе успее да го повтори рекордот и му подари на детето нов „Мерцедес“. Подоцна Рахим постави шест светски рекорди, меѓу кои клучниот од 3202 склекови во континуитет. Тој исто така направи 1000 склекови за најкратко време од 40 минути и 57 секунди, а 2000 за 1 час, 30 минути и 47 секунди. Изведе и најголем број склекови за еден час (1419) и најголем број склекови за два часа – 2559. Успеа да направи 3000 склекови за најкратко време, од 2 часа, 22 минути и 9 секунди.

Рахим Куриев се занимава со спорт од најрано детство. Според неговиот татко Зелим Куриев, кој е и негов тренер, на три години момчето можело да направи сто склекови. Почнало да тренира во куќната теретана според специјална програма два до три часа дневно.

Прочитајте повеќе: Петгодишно дете од Чеченија постави светски рекорд: направи 4105 склекови без пауза

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња