- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа https://mk.rbth.com/subscribe
Шаховски робот му повреди прст на едно момче на турнир во Москва, соопшти потпретседателот на Шаховската федерација на Москва Сергеј Смагин.
Смагин рече дека детето не е сериозно повредено и дека по настанот излегло да ја прими наградата. „На прстот на момчето му ставија гипс за побрзо да зарасне. Да, постојат правила за безбедност и детето, очигледно, ги прекрши во цајтнотот. Кога момчето го повлекуваше потегот, не забележа дека требаше да почека“, изнесе тој детали за настанот.
Потпретседателот на шаховската федерација истакна дека не станува збор за забрана на турнири со учество на роботи. „Авторот на роботот е многу талентиран и веројатно ќе инсталира посебен систем за заштита“, заклучи тој.