Убава руска шампионка во уметничко лизгање спарингува со боксерски шампион (ВИДЕО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Олимписката шампионка во уметничко лизгање од Пјонгчанг (2018) Алина Загитова учествуваше во егзибициски спаринг во бокс со двократниот олимписки шампион Олег Саитов.

Специфичен мастер клас се одржа на стадионот „Лужники“ во рамките на Денот на московскиот спорт. Руската наградувана лизгачка, која по завршувањето на натпреварувачката кариера учествува во шоу-програми на мраз и ја води ТВ емисијата „Ледено доба“, изведе разни удари и боксерски комбинации. По спарингот, Саитов ѝ подари на Загитова букет цвеќе.

„Бев смирена, бидејќи веќе отприлика знам што е бокс, но сепак не ми беше сеедно кога влегов во рингот со таков професионалец“, изјави Загитова. „Сосем неодамна почнав да се занимавам со бокс, буквално пред месец и половина и тренирам три-четири пати неделно. Тренинзите се разновидни. Во боксот има сé што ви треба за уметничко лизгање: координација, издржливост, брзина на движење. Тоа ми помага да останам во форма. И едноставно ми се допаѓа. Освен тоа, добро ми оди“.

Загитова призна и дека би сакала да вози скејтборд. Сепак, таа сé уште не се решила на тоа, бидејќи постои опасност од повреда.