- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Алексей Куденко / Sputnik
Во советско време повеќето „спални“ реони во големите градови изгледаа отприлика вака: еднобојни бетонски хрушчовки и сивиот асфалт на улиците. Само лете сè беше разубавено од зеленилото, а зиме просторот го украсуваше снежна покривка.

Максим Блинов / Sputnik
Но, денес станбените квартови изгледаат поинаку. Странците често се чудат зошто во руските градови има толку многу шаренило на зградите.
Максим Блинов / Sputnik
Разнобојни нови облакодери можете да видите во Москва...
Павел Бедняков / Sputnik
и во Санкт Петербург...
Михаил Киреев / Sputnik
и во Владивосток...
Виталий Аньков / Sputnik
и во Новосибирск...
Александр Кряжев / Sputnik
Старите бетонски згради или зградите од тула често им ги даваат на графити-уметниците да ги украсат.
Антон Денисов / Sputnik
Има неколку причини зошто во Русија во последно време се популарни шарени згради. Како прво, чиновниците и градителите мислат дека така е „поубаво“. Монохромната архитектура со придушени бои наидува на општа критика.
„Убава зграда!“ – ја коментира новоизградената разнобојна градба претседателот на Република Татарстан Рустам Миниханов. „Да не беа овие бои, балконите, ќе беше некако мрачна и неинтересна“.
„Во такво „сиво“ опкружување, во индустриските капацитети значително ќе опадне ефикасноста на работата, во станбените квартови ќе опадне наталитетот, а на фармите приносите на млеко“, се согласува и чиновникот задолжен за архитектура од градот Набережние Челни.
Максим Боговид / Sputnik
Mos.ru
Несомнено, светлите бои се прифатливи како акценти или за посебни објекти (како што е оваа детска болница во Москва). Но, кога цел кварт е обоен во многу различни бои, тоа попрво предизвикува нервоза и иритација.
Станислав Красильников / TASS
Патем, се смета дека детските игралишта и други објекти за деца задолжително треба да бидат разнобојни.
„Разнобојните решенија за училиштата и градинките ни ги пропишуваат чиновниците, дури ни даваат папка со посакувани стилски решенија. Понекогаш мораме да преговараме за тоа долго време, а секогаш се работи за многу светли бои“ – вели сопственик на градежна фирма во Московската област.
Кирилл Каллиников / Sputnik
Но, додека во Москва или Казањ разнобојните згради се прашање на вкус, на крајниот север тие се сметаат за практично неопходни. Поголемиот дел од годината луѓето на север се претежно опкружени со монохромен црно-бел пејзаж, кој е само малку разбиен од реткото зеленило во текот на краткото лето. Луѓето од такви пејзажи можат да паднат во депресија. Затоа им треба поглед на светли бои.
Мария Плотикова / Sputnik
Во северните краишта со сурова клима уште од крајот на 1980-тите почнаа да ги бојат куќите во светли бои. На пример, градот Салехард зад Северниот поларен круг е преполн со бои (на горната фотографија), како и Анадир на Чукотка (на долната фотографија).
Андрей Зима / Sputnik
Покрај тоа, полесно е да се ориентирате меѓу разнобојни згради, особено за време на снежна бура. Тоа е особено важно во Норилск. Од истата причина, броевите на куќите и имињата на улиците се напишани со крупни букви.
Денис Кожевников / TASS
Во најневеројатни бои се обоени и фасадите на зградите во Дудинка, најсеверното меѓународно морско пристаниште на Русија.
Владимир Астапкович / Sputnik
На Сахалин, проблемот на навигацијата е решен со помош на улична уметност. Во една населба на островот има многу еднолични улици со исти згради. Разнобојните мурали затоа им помагаат на луѓето да не се изгубат и полесно да ја најдат саканата локација.
„Желбата за колоритна архитектура е поврзана со психологијата на советските луѓе, кои и денес носат клучни одлуки. Имено, советските луѓе долго време живееја во услови на „намалена разновидност“, во монохромна сива средина. Дојде време тоа да се компензира со изобилство на бои“, смета познатиот руски архитект Борис Бернаскони.
Сепак, овој стручњак предупредува: „Бојата е моќна работа. Мора да бидете многу внимателни со тоа, инаку може да доведе до нерамнотежа“. Според него, сериозен проблем во градежништвото претставува недостигот од стручни консултации кои би можеле да им помогнат на градежниците да дојдат до исправни решенија кога се во прашање боите. Современите претприемачи сè уште немаат развиено системска соработка со архитектите, кои како автори треба да ја водат градбата од почетната до завршната фаза.
Art Sakhalin
Корисниците на социјалните мрежи ги споредуваат шарените згради со „борбени петли“ или со невешто нашминкана девојка која само си ја расипува убавината со „воинствени бои“. (На фотографијата можете да видите станбен кварт во Новосибирск).
Александр Кряжев / Sputnik
Самите станари се жалат дека зад светлите бои често се кријат негрижа и лоша состојба на фасадата.
Антон Денисов / Sputnik
Но, од друга страна... Сетете се само како изгледа најпознатата градба во Русија! „Естетиката на разнобојниот храм „Василиј Блажени“ ни е во гените. Токму тоа е руска архитектура“, објаснува Бернаскони.
Legion Media
Покрај тоа, зборот „красниј“ (црвен) порано значел „убав“. Токму затоа главниот плоштад во земјата е Црвен (т.е. убав) (рус. Красная площадь).
Legion Media