Погледнете како се развиваше московското метро од 1935 до 2022 година (ГРАФИКОН)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Подземниот сообраќаен систем на рускиот главен град дневно превезува преку седум милиони, а годишно преку 2,5 милијарди патници!

Првата линија на московското метро (црвената линија наречена „Соколническаја“) е отворена 1935 година со само 13 станици. Денес, во 2022 година, метрото опфаќа 14 линии со вкупно 250 станици, една линија на едношинската железница долга 4,7 километри со шест станици, линијата Московски централен прстен (МКЦ) со 31 станица и приградски железнички систем наречен Московски централен дијаметар со две линии и 61 станица.

Погледнете како се развиваше московското метро од 1935 до 2022 година: 

До крајот на оваа година московското метро планира да ја заврши Големата кружна линија со 31 станица и вкупна должина од околу 70 километри.