Руските спортисти на Зимските олимписки игри во Пекинг (4-20 февруари 2022 година) настапуваа како екипата на Рускиот олимписки комитет (РОК) и го зазедоа 9 место по бројот на златни медали. Тие освоија шест златни, 12 сребрени и 14 бронзени медали. Според вкупниот број освоени медали се на второто место со 32 медали (прва е Норвешка со 37 медали). Најмногу медали освоија во скијачко трчање и уметничко лизгање.
Ана Шчербакова
Sarah Stier / Getty Images
Актуелната светска шампионка во уметничко лизгање, 17-годишната Ана Шчербакова, го освои олимпиското злато во женска поединечна конкуренција.
Пред почетокот на кратката програма ѝ се скршија лизгалките и итно мораше да искористи нов пар. Таа непријатна ситуација не ја спречи Шчербакова да покаже најдобар настап и успешно да изведе два четирискока. Благодарение на совршената техника и артизмот, таа стана најдобрата лизгачка на светот.
Александра Трусова
Sarah Stier / Getty Images
Трусова го освои среброто во женска поединечна конкуренција, но нејзиниот настап беше окарактеризиран како еден од најтешките во уметничкото лизгање. Оваа 17-годишна спортистка во Пекинг 2022 година успешни изведе пет четирискока во една програма.
И покрај тоа, Трусова беше шокирана од фактот дека го освои второто место и по натпреварот дури изјави дека „го мрази уметничко лизгање“.
Камила Валиева
Nikolay Muratkin/Anadolu Agency / Getty Images
Најтешкиот момент на овие Зимски олимписки игри беше драмата поврзана со 15-годишната Камила Валиева.
Руските спортисти освоија злато во екипна конкуренција, но церемонијата на доделувањето на медалите беше одложена следниот ден поради, наводно, позитивниот допинг тест на Валиева. И покрај фактот дека правилата за антидопинг важат само за спортисти постари од 16 години, Меѓународниот олимписки комитет одлучи да не им доделува медали на руските спортисти додека не заврши истрагата. Во поединечна конкуренција Валиева го зазеде само 4 место.
Александар Болшунов
Wei Zheng/CHINASPORTS/VCG / Getty Images
Болшунов е првиот скијач во историјата кој освоил пет медали на една зимска олимпијада. Тоа беше второ учество на 25-годишниот Александар на Олимписките игри. Во 2018 година освои еден бронзен и три сребрени медали, а билансот во Пекинг е три злата и две сребра, меѓу другите во екипен спринт и во скиатлон.
Болшунов е еден од најуспешните руски спортисти. Двапати го освои ФИС Светскиот куп во скијање и турнирот Tour de Ski.
Наталија Непрјаева
Lars Baron / Getty Images
Непрјаева во Пекинг 2022 година освои сребро во скиатлон на 15 километри, злато во штафетата 4x5 километри и бронза во екипен спринт во класичен стил заедно со Јулија Ступак, Татјана Сорина и Вероника Степанова. Руската женска репрезентација првпат по 16 години победи во скијачката штафета на Олимпијадата.
Во спринтот во слободен стил Непраева ја напушти трката на осмиот километар. „Чувствуваше дека нема шанси да освои медал, па реши да се погрижи за своето здравје“, коментираше светскиот шампион во биатлон Александар Тихонов.
Евгениј Климов, Ирина Авакумова, Данил Сагдеев и Ирма Махина
Cameron Spencer / Getty Images
Ски-скоковите ѝ донесоа на Русија сребрен медал во екипна конкуренција во мешан тим.
Мешаната дисциплина сама по себе е нова на Олимписките игри (претходно спортистите настапуваа само во машка или женска екипа), но Русите секогаш учествуваа во скијачките скокови, иако без забележителен успех. Така беше сé до Пекинг, кога го освоија првиот олимписки медал во оваа дисциплина по далечната 1968 година!
Руслан Захаров, Данил Алдошин и Сергеј Трофимов
David Ramos / Getty Images
Руските брзи лизгачи освоија бронза - првиот руски медал во екипна потера во машка конкуренција.
Патем, Захаров освои злато на Зимските олимписки игри 2014 година во брзо лизгање на кратки патеки.
Вик Вајлд
Maja Hitij / Getty Images
Освојувачот на златото од Сочи во 2014 година, американско-рускиот спортист Вик Вајлд, немаше позабележителни резултати во сноуборд во изминатите осум години. Но, во Пекинг 2022 година 35-годишниот Вајлд се најде на пиедесталот со бронзен медал во машкиот паралелен велеслалом, победувајќи го дури и трикратниот светски шампион Дмитриј Логинов. И тоа беше единствениот руски медал во сноуборд! Одличен резултат!