Во Јакутск ќе биде отворена станица за коњи-скитници

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во Јакутск во Русија ќе биде отворена станица за сместување на коњи кои луѓето ги пуштаат да шетаат по градот сами.

Властите на градот Јакутск во март ќе отворат станица за коњи кои шетаат по градот. Тоа ќе го реши проблемот со животните кои шетаат по градот без надзор, соопшти прес-службата на градската администрација за РИА „Новости“.

Корисниците на социјалните мрежи објавија снимка со крдо коњи кои се движат околу станбени згради во Јакутск, истакнувајќи дека во градот има и коњи-скитници, а не само кучиња. Самостојното движење на коњи во Јакутск не е ништо невообичаено, иако секоја година вакви снимки доаѓаат до медиумите.

„Навистина, на територијата на град Јакутск постои проблем со коњите кои самостојно талкаат. Во овој момент вработените во управата на округот можат само да ги изведат животните од територијата на повеќекатните станбени згради. Раководството на окружната администрација планира во март годинава да отвори сместување за коњи кои се препуштени на себе“, соопшти прес-службата.

Во интервју за РИА „Новости“ градоначалникот на Јакутск Евгениј Григорјев изјави дека земјоделското училиште во приградската населба Хатаси ќе подготви простор за говеда и коњи кои слободно се движат по градот. Градските власти уште треба да го решат и прашањето на префрлување на животните до станицата.