На снимката свештеникот во мантија скија по градот во вечерните часови. Волшебната атмосфера ја создаваат снегот што паѓа и уличните светла.
Како што објави сајтот kp.ru, станува збор за свештеникот Владимир Иванов. Тој е јереј и старешина на локалната црква „Св. Троица“. Како млад се занимавал со биатлон.
Свештеникот изјави дека со помош на оваа снимка сакал на сите верници во неговата парохија да им го честита празникот „Собор на екатеринбуршките светители“.