Бели мечки се вратија од дивина на омиленото место

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Млади на бела мечка на Јамал поминаа стотици километри и се вратија во базата од каде беа евакуирани.

Бели мечиња поради безбедносни причини беа евакуирани со хеликоптер од сезонска база во Јамало-Ненецкиот автономен округ, но тие поминаа неколку стотици километри се вратија на истото место, соопшти информативната служба на губернаторот на овој регион.

„Тие бели мечиња им дојдоа на гости на работниците во сезонската база, но поради безбедносни причини беа однесени со хеликоптер што подалеку од базата. Дури им беше оставена и храна за да се навикнат на новото место. Но, ништо не помогна. По 18 дена мечињата Хара и Савеј – тие имиња им ги дадоа работниците – сами им се вратија на луѓето поминувајќи неколку стотици километри“, се вели во соопштението.

Властите истакнуваат дека жителите на Северот толку ги засакале мечињата што дури им направиле и профил на „Инстаграм“.