БОГ СЕ ЈАВИ! Московјани се нурнаа во осветената ледена вода (ФОТО)

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На празничните богослужби по повод Богојавление во речиси 500 цркви на главниот град на Русија присуствуваа околу сто илјади луѓе, додека во богојавленското капење учествуваа околу 35000 верници.

Со почитување на санитарните и епидемиолошките мерки за безбедност во Москва беа организирани 57 капалишта во отвори на мразот во реките и езерата. Погледнете како изгледаше богојавленското капење на езерата Свето и Нижне Мајско, како и во Измајловскиот Вернисаж.