Руски каскадер „прелета“ низ комбе што се движеше со брзина од 80 км/ч

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Три месеци пред оваа вратоломија каскадерот си го скрши 'рбетот, но тоа „само го направи посилен“.

Рускиот каскадер Евгениј Чеботарев објави видео во кое покажа специфичен трик. Тој помина низ ветробранското стакло на комбе кое се движеше со брзина од 80 километри на час. За да го изведе овој потфат, Евгениј легна на дрвена конструкција и во моментот на приближување на возилото „потскокна“ на лактите, пробивајќи го стаклото со главата.

Притоа неговите асистенти, кои се наоѓаа во возилото, едвај го забележаа Евгениј. Каскадерот рекол дека три месеци пред оваа вратоломија си го скршил ‘рбетот, но дека „само станал посилен“.