Русинка на 33 години роди десетто дете

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
33-годишната жителка на Санкт Петербург Александра Фјодорова стана мајка по десетти пат.

Таа се породи во Породилиштето бр. 10 во десеттата сала за породување. Детето го доби името Игор. Ова го објави градскиот Комитет за здравство.  

„Ова е четвртото породување на Александра во породилиштето во Тамбасова. Таа вели дека ѝ се допаѓа љубезниот и грижлив однос на персоналот“, се наведува во соопштението на Комитетот.  

Мајката за своето бебе вели дека е „јубилејно“. Момчето е тешко 3,8 килограми, долго 53 сантиметри. Најстарото дете на Фјодорова има 16 години.

Семејството со десет деца живее во Калининскиот реон на Петербург во петособен стан кој го доби од државата.