Фабриката за машини од Краснокамск во Пермскиот крај (1300 км од Москва – заб. на уред.), која ги произведува приколките „Експедиција“, издаде тематски календар за 2022 година.
Материјал добиен од Службата за соработка со медиуми на Фабриката за машини во Кранокамск.
За илустрирање беа ангажирани руски балерини кои настапуваат во стилот на модерната кореографија (контемпорари). Девојките во долна облека имитираат делови на приколките.
Материјал добиен од Службата за соработка со медиуми на Фабриката за машини во Кранокамск.
„Во положбата на телата на балерините на страниците на календарот со малку фантазија можат да се видат влечна руда во вид на буквата А, заден одбојник, подрамка, носачи на страниците (канатите) и други делови на автомобилските приколки „Експедиција“, објаснуваат авторите на календарот.
Материјал добиен од Службата за соработка со медиуми на Фабриката за машини во Кранокамск.
На секоја страница на календарот има QR код кој може да се скенира со мобилен телефон и упатува на сајтот со детален опис на деловите кои ги произведува фабриката, како и од што ги прави, која е дебелината на металот, итн.
Материјал добиен од Службата за соработка со медиуми на Фабриката за машини во Кранокамск.
„Би се рекло дека индустрискиот потенцијал на Пермскиот крај и балетската уметност немаат ништо заедничко и никаде не се пресекуваат, но и едното и другото се она по што нашиот регион се прослави во целиот свет. Идејата е реализирана благодарение на флексибилноста и силата на пермски балерини. Со своите тела тие успеаја да ги изразат својствата кои ги одликуваат нашите приколки“, вели директорот на Краснокамската фабрика Дмитриј Теплов.