Напуштената метеоролошка станица на островот Коључин во Чукотското море стана дом и игралиште на љубопитни бели мечки. Фасцинантните фотографии ги објави рускиот фотограф Дмитриј Кох.

Дмитриј Кох
Оваа фотографија на бели мечки на прозорец под назив „Одмор во викендичка“ неодамна беше прогласена за најдобра снимка на диви животни во човекова средина на натпреварот што го организираше National Geographic.

Дмитриј Кох
Островот Коључин се наоѓа на североистокот на Русија кај полуостровот Чукотка. Најблиската населба е само 14 километри подалеку преку водата, но девет месеци годишно морето околу островот е замрзнато.
Дмитриј Кох
На островот Коључин нема човечки населби (иако археолозите утврдија дека овие краишта биле населени пред 1500 години).
Дмитриј Кох
Во 1934 година научниците изградија поларна станица на Северниот морски пат. Таа беше активна до 1992 година. Островот тогаш беше напуштен.
Дмитриј Кох
Денес оваа напуштена станица и дрвените куќи на поларните истражувачи се главните атракции на островот.
Дмитриј Кох
Откако е затворена станицата, животните и птиците повторно го презедоа своето природно живеалиште. Понекогаш ги посетуваат научници и истражувачи, како и ретки туристи.
Дмитриј Кох
Освен бели мечки, ова место го населуваат и моржови и голем број арктички птици.
Дмитриј Кох
„Луѓето доаѓаат и си одат, но мечките секогаш ќе живеат овде“, коментираат луѓето на социјалните мрежи.
И на крај, белите мечки снимени од воздух.