Камила Валиева
15-годишната Камила Валиева е родум од Казањ. Со уметничко лизгање почнала да се занимава на три и полгодишна возраст, но тоа не била нејзината единствена активност. Паралелно одела на балет и гимнастика. На петгодишна возраст мајка ѝ предложила да избере еден спорт, Камила го избрала лизгањето и не згрешила.
На 12-годишна возраст, нејзините родители ја однеле на аудиција во спортското училиште „Самбо-70“ во Москва, каде што ја забележала Етери Тутбериѕе (тренер на олимписката шампионка од 2014 година Алина Загитова и светската шампионка Евгенија Медведева) и ја зела во својот тим.
Само една година подоцна, во сезоната 2019/20, Камила победи во финалето на Гран-прито и стана јуниорска шампионка, како и втора лизгачка на светот кој извела четирикратен тулуп на натпревари под покровителство на Меѓународната лизгачка федерација и поставила светски рекорд по бројот на бодови членовите на сојузот.
На 26 декември 2021 година Камила ја освои титулата шампион на Русија во индивидуално лизгање во сениорска конкуренција и стана првата натпреварувачка што се квалификуваше за Зимските олимписки игри 2022 година во Пекинг.
Во слободно време црта и се грижи за своето куче Љова.
Александра Трусова
Александра има само 17 години, а медиумите веќе ја нарекуваат „Самовила скокач“. Тоа не е без причина. Имено, таа е првата лизгачка во историјата која на натпреварувањата под покровителство на ISU извела четирикратен луц, тулуп и превртување (овие елементи ги пред неа ги изведуваа само мажите), а во 2018 и 2019 година за прв пат беше двојна јуниорска светска шампионка.
Родена е во Рјазањ, има двајца помали браќа, а татко ѝ е мајстор на спортот во боречки вештини. Саша се занимава со лизгање од четиригодишна возраст, откако родителите ѝ подариле лизгалки. Пет години тренираше во Рјазањ, а потоа се пресели во Москва кај Етери Тутбериѕе.
Оттогаш Трусова три пати се запиша во Гинисовата книга на рекорди за изведување на четирикратен флип, тулуп и луц.
Во октомври 2021 година спортистката ги повреди нозете, но сепак го освои првото место на Гран-при етапата „Скејт Америка 2021“, сега веќе во категоријата за возрасни.
Во слободното време Саша учи англиски и се грижи за својата чивава Тина. Сето преостанато време го посветува на тренинзите и планира да победи на Олимпијадата.
„Отсекогаш, уште од детство, сакав да го правам она што никој не може да го направи. Ризикот е мојот фах. Ако сите после мене научат да изведуваат четирикратни скокови, тогаш јас ќе изведувам петкратни“, рече Трусова.
Ана Шчербакова
Родителите на 17-годишната Шчербакова немаат никаква врска со спортот. Дедо ѝ е професор по физика, мајка ѝ и татко ѝ дипломирале на Московскиот универзитет. Со уметничко лизгање почнала да се занимава нејзината постара сестра Ина, а заедно со неа тргнала и Ања.
„Ми се допадна многу и до седумгодишна возраст лизгав од чисто задоволство, не размислувајќи за ништо друго“, вели Шчербакова.
На првите натпревари 2012 година на Отвореното првенство за наградата на претседателот на Федерацијата на уметничко лизгање на градот Москва, Ана го зазеде 22 место од 29 можни, а една година подоцна - второто. Потоа премина кај Етери Тутбериѕе и наскоро почна да ги освојува првите места на градските натпреварувања и првенства.
Во 2017 година Ања скрши нога на тренинг, нејзиното заздравување траеше шест месеци, но веќе во 2018 година таа го освои златото во финалето на Купот на Русија во 2018 година меѓу јуниорите.
Една година подоцна Шчербакова стана сениорка. Меѓу другото, го освои златото на Светското првенство во уметничко лизгање 2021 година во Стокхолм.
Во слободно време Шчербакова прави играчки од гумички, кои научила да ги прави за време на закрепнувањето по скршената нога. Сака да ги чита книгите на советските писатели на научна фантастика браќата Стругачки, а неодамна го изведе и својот прв скок со падобран.