Анкета: Дали Русите посакуваат враќање на СССР?

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Повеќе од 60 отсто Руси жалат поради распадот на Советскиот Сојуз, покажува истражувањето на Фондацијата „Јавно мислење“.

Најчесто СССР им недостасува на испитаниците во старосната група од 46-60 години (82%) и на постарите од 60 години (76%). 

Процентот на Руси кои жалат поради распадот на Советскиот Сојуз расте од 2011 година. Тогаш 51% испитаници одговорија позитивно на ова прашање. Во декември 2014 година веќе имаше 58 отсто од оние кои жалеа за Советскиот Сојуз, а во декември оваа година 62 отсто.  

21 отсто Руси сепак не жалат што се распадна државата. Најчесто вака одговараа испитаниците од 18 до 30 години (39%).

Истовремено, 52% испитаници изразија желба за повторно формирање на Советскиот Сојуз, додека 31% испитаници тоа не го сакаат. Мнозинството испитаници (74%) сметаат дека обновата на СССР не е можна.