Руските туристи објавуваат необични фотографии на „Инстаграм“: лежејќи на бајкалскиот мраз, внимателно пијат нешто со сламка која излегува директно од мразот. Тоа што го прават се нарекува „бакнежот на Бајкалското езеро“.
Оваа забава ја смислија туристичките водичи во 2019 година, најпрвин за кинеските туристи, а потоа стана популарна и меѓу Русите. „Бакнежот“ се толкува како обред на посветување со кој станувате еден од „вљубениците во Бајкалското езеро“.
Legion Media
Најпрвин во мразот со помош на обичен акумулаторски одвртувач се прави отвор што потсетува на чашка за ракија.
Потоа тука се сипува алкохолен пијалак - вотка, коњак, шампањ, а понекогаш и вино или дури и јегер.
chekat / Getty Images
Туристот лежи на мразот и си ја пие својата чашка.
Според новиот обичај, коктелот треба да се пие без сламка, директно допирајќи го Бајкалското езеро со усните, но може да користите и сламка.
По „бакнежот“ обичај е да се изедат неколку бобинки брусница, кљуква или морошка, а понекогаш и резне лимон или мандарина.
„Беше забавно да се пие од вдлабнатина во мразот. На сите им се допадна, од водичот баравме да дупчи нови дупки. Два дена подоцна, веќе самите правевме дупки и подготвувавме бакнеж со Бајкалското езеро“, вели за овој ритуал Ксенија.
Друга туристка, Ана, вели дека „бакнежот“ ја окрепил.
„Толку ме наполни со у енергија што тоа ме држеше неколку дена. На Бајкалот го пронајдов мојот извор на енергија и тргнав на моето мало патување на самоспознавање. Никогаш не сум мислела дека ледените снегулки ќе остават таков белег во мојата душа и дека ќе се вљубам во мразот. Но, дури и само да го гледате бајкалскиот мраз, веќе чувствувате задоволство, па дури и смиреност“, вели Ана.