Konstantin Kokoshkin/Russian Look / Global Look Press
На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како автомобил во движење пропаѓа во земја. Возачот, за среќа, не е повреден.
Инцидентот во Курск се случи вечерта на 19 декември.
Губернаторот на Курската област Роман Старовојт бараше да се пронајдат и казнат одговорните за овој инцидент. Тој наложи да се проверат работи на патот, „дали се во согласност со сите норми и правила“.